Во супер интересно финале МЗТ Скопје успеа да стигне до пехарот во Купот на Македонија, откако го победија вечниот ривал Работнички со 77:69 во салата Кале.

Првата четвртина ја доби МЗТ Скопје со 11+, односно 23:12. Во вторите 10 минути подобар беше Работнички и малку ја стопи предноста на тимот од Аеродром, откако ја добија со 16:14. Работнички сосем во игра се врати во третата четвртина, кога ја стопија предноста на аеродромци на само пет разлика, односно ја добија со 23:18, а во последната МЗТ беше подобар со 22:18.

Кај победниците најдобри беше Дамјан Стојановски со 19 поени, го следеше Крстевски со 16, а двоцифрени беа Олуџоби и Гравет со по 13 поени.

Кај Работнички најдобар беше Аска со 20 поени, двоцифрени беа Питс и Мулаиќ, со 13, односно 11 поени.