Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром денеска тестираа едно од неколкуте кошаркарски игралишта во општина Аеродром.

Како што велат тие забраната за тренинзи сѐ уште не им дозволува да се вратат во сала и да продолжат со работа, онаму каде што застанаа  два месеци. Сепак тоа не претставува пречка „штрковите“ да работат индивидуално и на отворено да се подружат со топката, но и помеѓу себе.

Секако, придржувајќи се кон сите препораки за социјално дистанцирање и заштита и дезинфекција, како средства за борба против вирусот Ковид-19.