МЗТ Скопје успеа да стигне до втора победа против лидерот во регуларниот дел од кошаркарското првенство и со тоа да си закаже финале за титула против Еуро Никел, кој изненадувачки во само два натпревари го елиминираше најтрофејниот Работнички.

Во далеку понеинтересен од оној првиот денеска МЗТ беа подобри од битолчани со 89:79. Аеродромци беа подобри уште на стартот, ја добија првата четрвртина со 25:18. На полувремето пак заминаа со шест разлика, откако втората четвртина Пелистер ја доби со 23:25.

Во второто полувреме МЗТ Скопје искусно си ја одработија задачата ја добија првата четвртина со 22:19, додека последниот дел го добија аердормци со 19:16.

Најмногу поени кај МЗТ имаше Олуџоби со 20 поени, го следеш Дамјан Стојановски 13, 12 имаше Магдевски, а двоцифрени беа и Бојиќ и Крстевски со по 10 поени.

Кај поразените најмногу поени имаше најдобриот стрелец на овој меч, Бобан Стајиќ кој заврши со 30 поени, по него најдобар стрелец кај битолчани беше Кесар со 14 поени, 12 имаше Малевешиќ, а двоцифрени со по 10 беа Калахан и Силаџи.

МЗТ Скопје во финалето ќе игра против Еуро Никел од Кавадарци, кои исто како и Аеродромци во два меча беа подобри од Работнички.