Екипата на МЗТ Скопје славеше убедливо над МЗТ Скопје Уни Банка (94-69) во рамките на заостанатиот меч од 16.коло.

МЗТ Скопје победата ја најави уште во првата четвртина кога успеа да дојде до двоцифрена предност 29-17 , која лесно ја контролираше до крајот на мечот.

Најефикасен на мечот беше Леонид Тодоровски од МЗТ 2 со 23 поени додека во домашниот состав најразигран беше Гравет со 19 поени, и Крстевски со 12.поени.

MЗТ Скопје сега има скор од 13-6, додека МЗТ Уни Банка во впиша 15-тиот пораз сезонава.