Кошаркарите на МЗТ Скопје се пласираа во финалето на Купот на Македонија откако предмалку го совладаа тимот на ФМП Академија со 92-72.

Аеродромци по 14.пат ќе играат во финалето на Купот откако лесно поминаа во полуфиналето.

МЗТ сериозно ја свати работата и од самиот почеток  дојдоа до првото двоцифрено водство (28-16), кое потоа само го зголемуваа и одржуваа до самиот крај.

Андрија Бојиќ со 18 поени со само едно промашување од поле (6/7) беше најпрецизен кај „металците“, додека Кристијан Николов постигна 14 поени (4/6 за тројка). Најпрецизен кај ФМП беше Стефан Крстајиќ со 29 поени.

Противник на МЗТ Скопје во големото финале ќе биде подобриот од денешното второ полуфинале помеѓу Еуро Никел и Работнички (19.30 часот).