Најдобриот германски кошаркар Денис Шрудер е „олеснат“ за половина милион евра, откако разбојници влегле во неговиот дом во Германија. Непознати крадци влегле во куќата на Шрудер во Брауншвајг, по што ги пребарале сите соби и украле накит и пари во износ од половина милион евра.

 

„Билд“ открива дека крадците искористиле една врата од терасата за да влезат во куќата на германскиот репрезентативец.