Голден Стејт сезонава остана без Стеф Кари и Клеј Томпсон, а сето тоа се одрази на резултатите на тимот од Оукленд.

Според последните најави овој првиот треба да се врати веќе вечерва на дуелот против шампионот Торонто, вест која мора да го радува тренерот Стив Кер.

Кари имаше најава дека ќе се врати веќе во неделеата, но неговиот кам-бек беше одложен за неколку дена.

Ово е реприза од минатогодишното финале, а  Кари се враќа по скршеницата на раката, поради што отсуствуаше цели 58 натпревари годинава.