Љубителите на елитната репрезентативна кошарка во Европа го избраа „Дрим-томот“ за последните 20 години, составен од играчи кои биле дел од Европските првенства.

Во изборот се Поу Гасол, Дирк Новицки, Василис Спанулис и Димитрис Дијамантидис и Шарунас Јасикевичиус.

На првичниот список од 80 имиња беа и Лестер Бо Мекејлеб и Перо Антиќ, но нашите репрезентативци не одбија доволно гласови за да се најдат во најтесниот избор.