Раководството на НБА лигата го претстави планот, рестарт на сезоната на 31 јули, крај во октомври, сите средби ќе се играат во Орландо, поканети се 22 екипи од Западната и Источната конференција.

Предлогот е ставен на маса, клубовите кои немаат ни теоретски шанси за пласман во плеј -офот нема да ја доиграт сезоната, одлуката ќе биде потврдена најдоцна утре.