Навивачите изминатиот период ги бираа најдобрите репрезентатиции во последните 20.години, а сега на ред дојде да се избере „Тимот на соништат“ на ФИБА ЕвроБаскет од 2000 до 2020.

Од 80. играчи што ги изгласаа навивачите во првата фаза на гласање, 24 од нив се избрани во потесен круг, додека последната рунда гласање  ќе се одржи во две одделни категории. Инaку во финалниот избор на „12 величенствени“, за жал, нема место за нашиот херој од ЕП во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб.

Предност во однос на Мекејлеб добија кошаркари како  Богдан Богдановиќ,Милош Теодосиќ (Србија), Нандо Де Коло, Тони Паркер (Франција), Димитрис Дијамантидис, Василис Спанулис, Тео Папалукас (Грција), Лука Дончиќ, Горан Драгич (Словенија), Шарунас Јасикевичиус (Литванија), Хуан Карлос Наваро (Шпанија) и Алексеј Швед (Русија).