Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е една од двете ѕвезди во подем во кошаркарскиот Еврокуп.

По завршувањето на групната фаза во ова натпреварување, меѓу чениците на клубовите кои се дел од Еврокупот беше спроведена анкета со повеќе прашања. Во изборот за „ѕвезда во подем“, Ненад Димитријевиќ е втор во изборот на генералните менаџери.

Повеќе гласови од играчот на Хувентуд дои само Виктор Вембанјама од Нантер.

Димитријевиќ со Хувентуд во втората фаза од натпреварувањето ќе игра против Монако, Уникаха и Нантер.