Она што се најавуваше во претходните неколку денови, денеска доби завршница.
Никола Миротиќ официјално е нов кошаркар на Барселона!
После пет години поминати во НБА лигата, Миротиќ се враќа во Европа и во наредните три години ќе настапува за Блауграна. Според информациите, Миротиќ во Барселона за три години ќе заработи 70 милиони евра, што го чини овој договор најголем во европската кошарка.
28-годишниот Миротиќ последно настапуваше за Милвоки Бакс, а Барселона за наредната година се чини дека подготвува вистински дрим-тим.
Be the first to write a comment.