„Иконата“ на Мајами Хит, Двејн Вејд своите пензионерски денови очигледно ги користи со тоа што „работи“ на себе.

Вејд ги изненади кошаркарските фанови ширум светот со новиот имиџ со кој наликува на легендата на Чикаго Булс Денис Родман.

Вејд во својата кариера со Мајами на два пати го освои шампионскиот прстен од кој во првиот наврат во 2006.година беше и МВП на финалната серија.