Октај Махмути заедно со Ненад Труниќ и Душан Ивковиќ се предацачи на тековниот тренерски семинар, на која мора да присуствуваат сите тренери од домашното кошаркарско натпреварување.

Махмути неофицијално е изборот за нов селектор на Македонија но засега нема официјална потврда за земената на Давитков од КФСМ.

На тренерскиот семинар кој се одржува во конгресната сала во А1 Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ тројцата предавачи го пренесуваат досега стекнатото искуство пред тренерите на нашите прволигаши.

Семинарот од оваа година го носи името на нашиот легендарен Лазар Лечиќ а покрај теоријата се одржуваат и тренинзи за демострирање на „кошаркарските лекции“ во малата сала во СЦ „Борис Трајковски“.