Кошаркарите на Пелистер го продолжија перфектниот скор во досегашниот тек од сезоната откако ја запишаа осмата победа по осум натпревари и се зацврстија на првото место на табелата.

Битолчани славеа над МЗТ Скопје Аеродром со 88:85 во супер интересен и неизвесен натпревар. По првото полувреме „Металците“ водеа со 44:43. На стартот од третиот период домаќинот направи пресврт и поведе со седум разлика а дојде и до плус 12 (68:56).

Најголемата предност Пелистер ја избори во последната четвртина кога имаше 85:72. До крајот шампионот успеа да се врати да израмни но не и да победи.

Олуџоби со 36 поени и 8 скокови беше најдобриот поединец во гостинскиот тим, за домаќините се издвои Кешар со 27 поени и 9 скокови, Малешевиќ постигна 22 поени и 11 скокови.

Ова за „Металците“ беше трети пораз по шест одиграни натревари во домашното првенство.

ФОТО: КК Пелистер