Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Кристијан Николов потпиша едногодишен договор со МЗТ Скопје Аеродром. Плејмејкерот доаѓа од екипата на Петким за нашата сениорска репрезентација дебитираше на 15 години а три години подоцна настапи за Галатасарај во Евролигата.
„Со ангажманот на Николов и претходното задржување на Андреј Маслинко и Андреј Магдевски, уште еднаш ја потврди определбата за ангажирање на најталентираните кошаркари кај нас, кои преку сино-белиот дрес би стекнале драгоцено искуство, што секако би било од бенефит и за македонската кошарка во целост. Покрај нив тројца, во моментов под договор со МЗТ Скопје Аеродром се уште и Дамјан Стојановски, Марко Симоновски и Ранко Мамузиќ.“ – информираа од МЗТ Скопје Аеродром.
Последните случувања во „Јане Сандански“ носат нов стимул кај навивачите на овој клуб кои на социјалните мрежи секојдневно ги поздравуваат одлуките на управата.
Comments are closed for this post.