Адвокатите на починатиот пилот Аре Зобајана тврдат дека тој не е крив за падот на хеликоптерот во кој загинаа 9.лица вклучувајќи го и Коби Брајант.

Во судскиот документ се истакнува дека причина за падот на хеликоптерот се одраз на невниманието на сите патници кои биле свесни за ризикот, поради лошите временски услови, односно големата магла.

„Сите повреди или штети нанесени на обвинителите или нивните настрадани, директно или делумно предизвикале невнимание или грешка, а исто така свесно и доброволно се соочиле со отворениот ризик, па тоа е голем фактор во несреќата, за која бранителот не треба да биде одговорен“-одговорија адвокатите.

Документот доаѓа како одговор на тужабата од сопругата на Брајант, Ванеса чиј адвокат ја поднесе на 24.февруари, еден ден откако се одржа меморијалната церемонија за прославениот кошаркарски ас.