Коронавирусот рано  утринава стигна и во НБА лигата, откако обелоденето дека Ковид-19 има кошаркарот на Јута Руди Гобер, па од лигата експресно донесоа одлука за суспендирање на сите натпревари.

Според последните информации Французинот не е единствениот кој го носи овој вирус, туку покрај него е заразен и првата ѕвезда на тимот Донован Мичел.

Jazz star Donovan Mitchell has tested positive for the coronavirus 😳

Gepostet von House of Bounce am Donnerstag, 12. März 2020

Многу веројатно ќе се забранат и сите натпревари од НЦАА шампиинатот, а доколку вирусот и понатаму се проширува ќе бидат откажани сите спортски настани ширум САД.