Поранешниот кошаркар на Бруклин и Мемфис, Андре Емет бил застрелан и убиен во неговиот роден град Далас.

Емет во својата кариера играше за голем број на клубови, а во 2004 како 35 пик во втората руна беше избран од Сиетел за кој никогаш не настапи. Во Европа тој настапуваше во Литвос Ритас и Лиеж По Ортез.

Во последните настапуваше во „Биг 3“ лигата. Емет почина на 37 години, наскоро се очекува да бидат познати причините за неговото убиство.