Израелскиот и Европски кошаркарски гигант, Макаби Тел Авив на својата официјална страна го потврди најновото засилување, а тоа Амаре Стадемаер, кој своевремено важеше за еден од најдобрите центри во НБА.

37-годишен играч потпиша за тимот од Тел Авив до крајот на сезоната, а во Израел се враќа , откако пред две сезони настапуваше за Хапоел Ерусалим.

 

Стадемаер најсилен траг во НБА лигата остави во дресот на Феникс Санс каде со Стив Неш беа незапирливо дуо. Покрај Феникс, Стадемаер настапуваше и за Њујорк, Далас и Мајами.