Демјен Лилард од Портланд, Давис Бертанс од Вашингтон, Бади Хилд од Сакраменто, Девонте Грем од Шарлот, Данкан Робинсон од Мајами, Треј Јанг од Атланта, Зек Лавин од Чикаго и Џо Херис од Бруклин кој ја брани титулата од минатата година се учесниците во натпреварот за шутирање на тројки на престојниот Ол стар викенд кој на програмата е во Чикаго од 14-16 февруари.

Во ова натпреварување НБА направи промени и наместо досегашните 25 шутеви, годинава кошаркарите ќе шутираат по 27 тројки, а временскиот период е зголемен за 10 секунди, односно кошаркарите сега ќе треба за 70 секунди да шутираат 27 тројки.

За тие дополнителни десет секунди, кошаркарите ќе имаат два дополнителни шута, кои ќе бидат 1,8 метри оддалечени од линијата за три поени кои ќе вредат три поени.