Ол-стар мечот од утре па се до недела ќе се одржи во Чикаго, а овој настан годинава привлекува поголемо внимание отако се ќе биде посветено на Коби Брајант и неговата ќерка Џиана кои трагично го загубија животот пред еден месец.Т

Американските медиуми веќе го открија изгледот на дресовите, а капитени на тимовите се Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо. Леброн ќе ја носи двојката, бројот кој го носеше Џиана, а Јанис ќе игра со 24-ката, бројот на легендарната „Црна Мамба“.