Кошаркарот на Црвена звезда, Огњен Кузмиќ по сообраќајната несреќа се чувствува се подобро и заздравува.

Кузмиќ несреќата ја доживеа на 14 јули, а четири дена подоцна се разбуди од кома. По неколку критични денови и операции со кои санирани повредите на лицето, Кузмиќ е се подобар.

Тој секојдневно ја добива поддршката од родителите, сопругата и синот, а во медиумите се појави и неговата прва фотографија по несреќата.