Кошаркарите на Работнички без проблеми во дуелот со градскиот ривал Вардар, запишаа победа со пет поени разлика, 81-76.

Средбата наместо во „Градски Парк“ се одигра во салата на СРЦ „Кале“ поради тоа што салата во Парк прокисна, повторно…

Работнички доминираше на мечот, реалзира три четвртини, 18-13, 26-24, 19-13, во последната беше во негатива 18-26. Најефикасни во ставот на победничката екипа беа Балмазовиќ со 26 , Мијатовиќ 18, Питс 15 и Младенвски со 13 поени.