Кошаркарите на Работнички славеа против Куманово со 79:72 во домашното кошаркарско првенство, со што стигнаа до третата победа во низа во првата лига, петта во сите конкуренции.

Куманово одлично го започна натпреварот и поведе со 13:0 на ова следуваше одговор по кој гостинот водеше на полувреме со само со два разлика 39:37.

Во израмнет и неизвесен трет период, Работнички презема иницијатива и во последната четвртија предводен од Ефремовски постигна поени од линијата за три што беше пресудно за победа од пет разлика.


Питс со 32 поени и пет асистенции беше најдобар во победничкиот состав, Младеновски постигна 18 поени и 14 скокови. Кај Куманово се издовија Ѓекиќ со 25 поени и Ливингстон со 23 поени.