Кошаркарите на Работнички по петте порази во низа од МЗТ Скопје Аеродром, успеаа да слават во „Вечното дерби“ на домашен паркет со 94:90.

Градските ривали одиграа неверојатен натпревар на страртот од новата сезона во домашното првенство. На полувреме беше нерешено 45:45.

Во второто полувреме Работнички дојде на плус пет, 71:66, а МЗТ Скопје пропушти шанса за победа откако Готчер на седум секунди до крајот не реализираше два пати од линијата за слободни фрлања при водство на Работнички од 91:90.



Питс со 29 поени беше најдбриот поединец во редовите на Работнички, за МЗТ Скопје Олуџоби постигна 19 а Магдевски 17 поени.