Кошаркарите на Работнички со одличен финиш запишаа победа против Црн Дрим  во заостанатиот натпревар од 8 коло, резултатот 84:81.

Во СРЦ „Кале“ кошаркарите на Работнички до победата дојде со одличната игра на Стефан Балмазовиќ кој натпреварот го заврши со 23 поени и 10 скока,  Девон Вашингтон со 16 поени и 6 скока беше втор најдобар поединец кај победникчата екипа.

Џејмс Каухерд со 27 поени и 4 асистенции  и Андреј Настовски со 17 поени и 2 украдени топки беше најистакнат поединец во поразениот тим.