Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички потешко од очекувањата дојде до победа против вториот тим на МЗТ Скопје.

На полувремето Работнички замина со осум позитива, откако првата четвртина ја доби со 19:12, а втората со 21:20.

Сепак третата четвртина многу поискусните кошаркари на Работнички беа непрепознатливи, односно изгубија со 11 разлика, по што МЗТ Скопје 2 дојде до предност од три поени по крајот на третиот дел.

Сепак во последната четврти на избраниците на Димитар Мираковски се разбудија и со резултат 27:17 успеаја да стигнат до победа од седум разлика, односно 84:77.

Најпрецизен кај Работнички беше Питс со 30 поени, 14 имаа Аска и Ефремовски, а двоцифрен беше и Бундовиќ со 10 поени.

Кај МЗТ 2 најмногу поени постигна Митевски, односно 17, 12 имаа Андоновски и Величковски, како и Зекири.