Кошаркарите на САД во драматичен натпревар усепаа да ја совладат Турција која беше апсолутен аутсајдер пред овој меч. Американците славеа по продолжение со 93-92.

НБА ѕвездите постојано беа во позитива, но неочекувано наидоа на проблеми во последните неколку минути. Храбрите турци стигнаа до егал и израмнија на 74-74, па до последните моменти се играше за победата. Искусниот Иљасова најпрво поентираше, а потоа го украде лошото додавање на Мичел за да обезбеди предност за Турција на 12 секунди до крајот.

Џејсон Татум беше сигурен двапати и пропушти можност да обезбеди триумф. Тоа донесе продолжение од пет минути кое сепак со многу проблеми им припадна на американските репрезентативци. Сензацијата ја избегна Крис Мидлтон со две прецизни слободни фрлања за конечни 93-92.