Кошаркарската репрезентација на Македонија ги доби противниците во претквалификациите за Светското првенство 2023 година.

Македонската репрезентација на денешната ждрепка беше сместена во групата Ф заедно со репрезнтациите на Словачка и Швајцарија.

Ова е идентична група од првата фаза од претквалификациите за ЕП 2022, кои ги завршивме како првопласирани со три победи и еден пораз.

Пласман во квалификациите за СП 2023 обезбедуваат двете најдобри селекции,што на нашата репрезентација и дава големи шанси за пласман на истите.

 

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2023:

ГРУПА Д: Шведска, Португалија, Австрија

ГРУПА Е: Романија, Летонија, Белорусија

ГРУПА И: Црна Гора, Данска, Исланд

ГРУПА Ф: Македонија, Швајцарија, Словачка