Селекторот на кошаркарската репрезентација на Шпанија Серџо Скариоло денес го објави конечниот список на играчи кои ќе настапат на СП за кошаркари кое оваа година ќе се одржи во Кина.

Интересно е што селекторот Скариоло на списокот ги изостави досега стандардните репрезентативци Никола Миротиќ,Серж Ибака и Серхио Родригез.

И покрај неиграњето на тројцата кошаркари,Шпанија останува во врвот на селекции кои ќе атакуваат на највисок пласман на Мундобаскетот во Кина.