Никола Јокиќ е прогласен за најдобар играч во НБА лигата за сезонава, а по доаѓањето во родниот Сомбор во Србија, сограѓаните одлучија да му се оддолжат на оригинален начин за се она што тој го прави за овој град.

Центарот на Денвер Нагетс е многу врзан за родниот град и секое лето го минува во Сомбор. Покрај тоа веќе сега еден потег на Јокиќ го нарекуваат „Sombor shuffle“, кога и тој да исфинтира неколку пати играч, а потоа лесно ја положува типката.

Се тоа доведе за Сомбор да се чуе и преку Атлантскиот океан, а од таму и не чуди што жителите на Смбор одлучиле да му изнајмат билборд како би пратиле порака до нивната најголема ѕвезда.

„Добредојде сомборски Џокеру“- пишуваше на билбордот.

На овој начин сограѓаните сакаа да му се оддолжат на Јокиќ за претставувањето во светот.

Јокиќ во текот на лигашкиот дел од сезоната ги одигра сите мечеви за Денвер, просечно на теренот минува 34,6 минути, а забележа просек од 26,4 поени, 10,8 скокови, 8,3 асистенции, 1,3 украдени топки и 0,7 блокади по меч.