Денеска беше одржана ждрепката за квалификациските турнири за пласман на ЛОИ 2020, а дури 24 репрезентации беа сместени во четири градови.

Шест национални тима прво се поделени во по две прелиминарни групи, по што двете првопласирани ќе играат нокаут-систем, а виза за Токио на крајот ќе обезбеди само четирите победници.

Српската селекција е еден од домаќините, а по денешната ждрепка нашиот северен сосед влегува како голем фаворит во дуелите со Доминиканска Република и Нов Зеланд, а се очекува Италија да им биде најсериозен противник, која се наоѓа во група со Порторико и Сенегал. За разлика од нив Хрватска немаше среќа, откако доколку сакаат да изборат пласман на игрите во Токио ќе мора да елиминираат селекции како Бразил Русија и Германија.

Словенија и Лука Дончиќ се дел од турнирот кој ќе се одржи во Каунас, каде Литванија е најсериозен кандидат за пласман на Олимписките игри.

Во Викторија, Канада, Грција и домаќинот се очекува да одлучуваат за патникот во Токио, а шанса од сенка ќе вребаат селекциите на Турција и Чешка.

Предолимписките турнири се закажани за во јуни следната година.