КК Гостивар потврди дека ја продолжиле соработката со тренерот Марјан Србиновски иако тој имал повеќе понуди од други клубови.

Гостиварчани се задоволни од работата на поранешниот македонски селектор и најавија дека тој можеби ќе биде предводник на нешто големо сезонава.

„И во новата сезона со истиот предводник. И покрај повеќето понуди, Србиновски останува лојален на нашиот клуб за да го продолжи тоа што го започна во својот роден град, а можеби и да биде предводник на нешто многу поголемо оваа сезона“, – напишаа на фејсбук од КК Гостивар.

I vo novata sezona, so istiot predvodnik! I pokraj poveketo ponudi, Marjan Srbinovski ostanuva lojalen na KK Gostivar za…

Gepostet von KK Gostivar 1954 am Dienstag, 2. Juni 2020