Василие Мициќ по втор пат сезонава е избран за најкорисен кошаркар во Евролигата. Србинот беше предводник во новата победа на Анадолу Ефес против Црвена Звезда со 85-70.

Мициќ на дуелот против Звезда имаше ефект од 26 поени, 5 асистенции, и 2 скока, бројки кои му донесоја индекс на корисност 29. За напомена Мициќ минатата сезона беше избран за кошаркарот со најголем напредок во Европа, а со Анадолу Ефес стигнаа до големото финале каде загубија од ЦСКА Москва.

За турскиот претставник ова беше четврта победа во 5 меч во Евролигата, а единствениот пораз го дожиаја од Барселона во првото коло.