Контраверзниот сопственик  на Лос Анџелес Клиперс, Стив Балмер го купи легендарниот „Форум“ за 400 милиони долари, во кој неговиот тим  би требало да ги игра своите натпревари.

Балмер ја купи арената од бизнисменот Џејмс Долан, кој пак пред осум години „Форум“ го купи за само 23,5 милиони долари. Досега во оваа сала настапувале многу екипи, а најдолго се задржале Лос Анџелес Лејкерс од 1967 до 1999 година.