Шпанија со убедлива победа над Тунис од 101:62 стартуваше на Светското кошаркарско првенство во Кина.

По неизвесното прво полувреме, „Црвената Фурија“ одигра маестрално во третиот период кој го доби со 30:8 и постави контрола над резултатот за на крајот да се радува на победа од 39 разлика.

Во 2 коло од групата Ц, Шпанија ќе игра против Порторико а Тунис ќе одмери со Иран.