Еден од најдобрите млади кошаркари кој го носи дресот на Македонија, Ненад Димитријевиќ и официјално кариерата ќе ја продолжи во шпанска Валенсија.

Ова го потврдија од новиот клуб на Димитријевиќ, кој со Валенсија потпиша четиригодишен договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Valencia Basket (@valenciabasket)

Македонскиот репрезентативец имаше одлична сезона во Хувентуд по што доби шанса да игра за еден од најдобрите клубови во Шпанија.