Хјустон Рокетс синоќа доживеаа нов неочекуван пораз од Оклахома Тандер, но и покрај поразот мечот го одбележа Расел Вестбрук.

Популарниот Рас на мечот против својот доскорашен тим запиша трипл-дабл учинок од 32 поени, 12 асистенции и 11 скока бројки со кои се вклучи во друштвото на Леброн Џејмс како единствени кошаркари кои имаат забележано трип-дабл учинок против сите НБА тимови.