Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аердорм загуби на гостувањето кај Широки Бријег во 19 коло од АБА 2 лигата со 89:77 .

Ова за „Металците“ беше 7 овосезонски пораз во оваа конкуренција по кој дополнителни си ги искомпликуваа работите во обидот за мирна заверка на пласманот во плејофот.

По израмнетата прва четвртина, во вториот период домаќините одиграа многу подобро во одбраната, МЗТ Скопје Аеродром застана на 14 поени и на пауза замина со негатива од осум поени (47:39).

До крајот оваа разлика се покажа како недостижна за избраниците на Ѓорѓо Кочов.

 

Најефикасен во составот на МЗТ Скопје беше Џабари Хиндс со 18 поени и четири асистенции, Бојан Крстевски постигна со 15 поени а Андреј Маслинко мечот го завшри со 12 поени.


Во следното коло од АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром ќе го дочека Динамик, натпреварот е закажан за 27 февруари.