Македонскиот претставник во АБА 2 лигата, МЗТ Скопје Аеродром славеше на гостувањето кај Спарс со 77:65 во второто коло од новата сезона.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграат одлично во второто полувреме, пред се во последната четвртина во која постигнаа 20 поени, наспроти 13-те на домаќинот и заслужено дојдоа до победатата.

 

Со ова беше анулирана негативата по првото полувреме а клучен во пресвртот беше пристапот на Хинфс и неговите 23 поени. Дамјан Стојановски постигна 12 а Омот 10 поени.

Во следното коло од АБА 2 лигата за една седмица, МЗТ Скопје Аеродром ќе ја пречека Рогашка.