Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години за првпат се појави во дресови на кои стои новото државно име – Северна Македонија .Оваа е прв национален тим кој реши да го промени новото име и да го примени на официјални натпревари.
Исто така и Кошаркарската федерација на Македонија беше првата федерација која го примени новото име и се трансформира во Кошаркарска федерација на Северна Македонија (КФСМ).

Нашиот национален тим на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во нашата држава поточно во Скопје во овие моменти игра против Романија, а во нашата група уште се Словачка, Австрија, Ирска и Грција.

Најдобрите две селекции одат во нокаут-рундата од групите, додека другите ги чека разигрување за пласман.