Кошаркарската федерација на Северна Македонија (КФСМ) и Специјалната Олимпијада на убав начин со официјален настан во СРЦ „Кале“ ја одбележија европската кошаркарска недела кој има цел за поттикнување на свеста кај луѓето за што поголема инклузија на лицатата со попреченост.

„Во спортската сала „Кале“ КФСМ и Специјалната Олимпијада одржаа турнир помеѓу екипи кои играа unified 3х3 баскет. Партнери на екипите беа кошаркари и кошаркарки кои долго време соработуваат со Специјалната Олимпијада, најдобриот македонски баскетџија Ервин Цого, едне од најдобрите европски баскетџии Данило Мијатовиќ, а посебен партнер на една среќна екипа беше Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ. Воедно, во рамки на оваа недела на европската кошарка се одбележува и меѓународниот ден за лица со попреченост, 3. декември.“ – соопштија од КФСМ.