Македонската кошаркарска селекција во одлична атмосфера со новиот селектор Александар Тодоров го одржа првиот тренинг во рамки на подготовките за квалификациие за ЕП 2021 година.

Естонија е нашиот прв противник наредниот четврток, меч кој по многу што се чини е решавачки за пласман на континенталниот собир.

Тодоров оваа репрезентација значително ја подмлади, а младите надежи треба да го потврдат својот квалитет. Меѓу нив најзвучно име е Ненад Димитријевиќ кој во дресот на Хувентуд сезонава игра во фантастична форма.

Репрезентацијата и во овие квалификации ќе биде под закрилата на браќата Стојановски кои со своето искуство и квалитет треба да помогнат во обидот да се обезбеди пласман на Европското првенство наредната година.

Во нашата група, покрај Естонија се наоѓаат уште Русија и Италија, која има вајлд карта бидејќи е една од земјите домаќини на европскиот собир. Првите две селекции обезбедуваат пласман, а Русија е апсолутен фаворит во нашата група.