Македонските кошаркарски репрезентативци во полна пареа се подготвуваат за предизвиците кои им следат од квалификациите за ЕП во 2021 година.

Квалификациите ги отвораме против Естонија на 20.февруари, а само три дена подоцна гостуваме кај фаворитот во нашата група Русија. Во оваа група се наоѓа уште Италија која ќе биде дел од континенталниот собир, бидејќи е една од земјите домаќини на овој турнир.

Вечерва тренингот на кошаркарите го следеше и претседателот на КФСМ и легенда на македонската кошарка Перо Антиќ.