Работнички лесно и убедливо го реши Кожув во 9 коло во домашната кошаркарска конкуренција. Во СРЦ „Кале“, Работнички запиша триумф со 100-85.

Пол со 41 поен беше најефикасен на мечот кај Работнички. Победи запишаа Еуро Никел против МЗТ Скопје Уни Банка со 81-66 и Пелистер  против Ангели со 142-88.