Турскиот гигант Фенербахче добија засилување во името на Жофри Ловерњ, кој по тешката повреда конечно се врати во составот кој го предводи Жељко Обрадовиќ.

Французинот беше дел од натпреварот во турската лига, на кој Фенер го победи Бахчешехир со 74:60, а најефикасен поединец во истанбулскиот тим беше токму Ловерњ, кој даде 13 поени. За 22 минути игра, тој имаше и пет скока.

Поради повредата на скочниот зглоб, Ловерњ го пропушти клучниот дел од минатата сезона, а не настапи ниту на Светското првенство во Кина.

Ловерњ во минатото настапуваше и во НБА лигата во дресот на Сан Антонио Спарс, а своевремено беше дел и од Партизан.