Панатинаикос постигна договор за потписот на Џимер Фредет, кој ќе го облече дресот на атинскиот клуб за наредните две сезони.

Грчкиот клуб се обидуваше да го доведе американскиот бек неколку години наназад, но се чини дека сега конечно успеа во својата намера. Ова ќе биде прва авантура за Фредет во Европа, откако осум години настапуваше во НБА лигата и во Кинеската лига.

30-годишниот Фредет беше избран како 10-ти пик на НБА драфтот во 2011-та година од страна на Милвоки, а во текот на кариерата настапуваше за Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Њујорк Никс и Феникс. Последните три години ги помина во Кина во дресот на Шангај Шаркс.