Пау Гасол има големи проблеми со стапалото на ногата и не успеа да дебитира во дресот на Портланд. Сепак, Главниот тренер на Блејзерс, Тери Стотс изјави дека Пау Гасол ќе биде дел од неговиот стручен штаб.

Прославениот Шпанец пред почетокот на сезоната дојде во Портланд од Милвоки со надеж дека ќе закрепне од повредата, но не успеа и набргу беше раскинат договорот.

Претходно шпанските медиуми излегоја со информација дека Барселона е заинтересирана да го види во своите редови, клуб од кој започна големата кариера на Шпанецот.

Триесет и деветгодишниот Шпанец е двократен шампион во НБА лигата со Лејкерс. Шест пати учествуваше на „Ол стар“ дуелот во НБА, а со Шпанија има голем број на медали, а најсајно е златото од СП во 2006 година.