Каваи Ленард не сака, но шпанскиот кошаркарски центар Марк Гасол и следната сезона ќе биде дел од шампионот во НБА лигата Торонто репторс.

Гасол, и покрај тоа што на крајот од сезоната стана слободен играч, ја искористи клаузулата да го обнови договорот па и следната сезона за 26,6 милиони долари ќе игра во Торонто.

Исто така и  Торонто сакаше да ја продолжи соработката со Гасол. Пред Торонто, Шпанецот дури 11 сезони беше член на Мемфис.